редуцира (св. и несв.)
Под дејството на психоделичните дроги се зголемува и се изострува концентрацијата за одредена задача, способноста за визуализација на проблемите во нивниот најширок контекст, се редуцираат инхибициите, се зголемува енергијата и одлучноста, а сето тоа му е неопходно на уметникот за време на творечкиот процес.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Седејќи така, телото се редуцира во екстремитетите, а трупот ослабува и закржлавува.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
„Сѐ може да помине“, вели тој. Секогаш е премногу лесно да се редуцира Фаерабенд на збирштина од срамни говоркања.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Зашто напорот да се одделат од традицијата ги доведувал до едно усвитено место од кое, ако ништо повеќе, можеле да го редуцираат товарот на формалните, манирските и рутинските, наследства и да дојдат, како до сопствено откровение, пак до јадрото и сублиматот на традицијата.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Устоличувањето на писмото е устоличување на играта; играта денес се препушта самата на себеси, бришејќи ја границата од која, како што се веруваше, може да се регулира кружењето на знаците, повлекувајќи ги со себе сите успокојувачки означени, редуцирајќи ги сите утврдени места, сите засолништа вон играта кои го надгледуваа полето на говорот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Но постои, меѓутоа, во сциентизмот, ако не дури и во науката, донекаде наивна верба во некаков тип на транспарентност на јазикот, во некоја форма на вештачки јазик, во некој вид на апсолутен конвенционализам или апсолутна формализација на јазикот, на која може да се редуцира она што му е својствено на природниот јазик.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Постои простор помеѓу нив во кој се протегаат некои нови концепти, кои И го обединуваат И го раздвојуваат парот, но кои не можат еден на друг да се редуцираат.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сите воени технологии го редуцираат светот на Ништо.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Глума Немарлив кон останатите елементи на режијата, кои или ги занемарувал или ги редуцирал до апсурд, Ворхол, слично на класичното сфаќање, најголемо внимание ѝ посветувал на работата со актерите.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)